
Волонтерите ги освежуваа Центарци
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар веќе десетина дена наназад во соработка со Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје спроведува активности за превенција од топлотен бран.
За да се спречат можните последици од влијанието на портокаловата фаза се вршеше делење на ладна вода и информативен материјал за заштита на здравјето на населението на територија на Општина Центар, секојдневно во периодот од 10.00 до 16.00 часот. Овие активности се со цел за поголема грижа за здравјето на граѓаните, за подигнување на свеста за штетноста од топлотните бранови и за поголема инволвираност на младите за навремена заштита.
Акцијата ќе продолжи и во текот на идниот период, односно додека трае портокаловата фаза. Проектот “Превенеција од топлотен бран” е дел од програмските активности за подготвеност и делување во случај на катастрофи на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Центар.