
април 19, 2023
Вовед во Општински натпревар по Прва помош
Со вкупно 10 демонстратори по Прва помош, кои ќе бидат ментори на 15 екипи од основните и средните училишта на територија на општина Центар, го започнавме процесот на подготовка за Општински натпревар по Прва помош.
На ден 19.04.2023 во ДХО „Даре Џамбаз“ со почеток во 12 часот, демонстраторите по Прва помош им направија краток вовед за сѐ она што ги очекува членовите на екипите по Прва помош, како ќе се одвиваат подготовките, датум на одржување на натпреварот и динамика на вежбање. За време на настанот, секоја група доби свои двајца ментори кои ќе ги водат низ подготовките за натпревар, а на крајот на настанот имаа и можност да се запознаат и да ги договорат првите средби.
Младите се амбициозни и возбудени за сѐ што ги очекува во наредниот период! Со среќа!



