март 27, 2024

Вовед во Општински натпревар по Прва помош – 2024

На ден 27.03.2024 во ДХО „Даре Џамбаз“ со почеток во 12 часот, демонстраторите по Прва помош од Општинска организација Центар им направија краток вовед за сѐ она што ги очекува членовите на екипите по Прва помош, како ќе се одвиваат подготовките, датум на одржување на натпреварот и динамика на вежбање. Со вкупно 10 демонстратори по Прва помош, кои ќе бидат ментори на 15 екипи од основните и средните училишта на територија на Општина Центар.  За време на настанот, секоја група доби свој ментор со кој имаа можност да се запознаат и да ги договорат датумите за првите обуки.

Екипите се возбудени и со нетрпение чекаат да почнат со обуките!

< врати се назад