април 7, 2025

Вовед во Општински натпревар по Прва помош 2025

На ден 04.04.2025 во ДХО „Даре Џамбаз“ со почеток во 10 часот, демонстраторите по Прва помош направија краток вовед на процесот кој ќе следи наредниот период.

Вкупно 9 демонстратори по Прва помош се вклучени во подготовката на екипите.

16 екипи од основните и средните училишта на територија на општина Центар, го започнаа процесот на подготовка за Општински натпревар по Прва помош.

< врати се назад