
октомври 27, 2022
Вработените од Комерцијална Банка АД Скопје активни во кампањата „Помислете и на нас“
Кампањата по повод Ден на борба против гладта под мотото „Помислете и на нас“, како и секоја година, се одбележува во периодот од 16-ти октомври до 16-ти ноември.
На 27.10.2022 година започна дистрибуцијата на подготвените хуманитарни пакети со храна која беше обезбедена од страна на вработените во Комерцијална банка АД Скопје. Со овие пакети ќе бидат опфатени 35 социјално-загрозени семејства и 3 згрижувачки семејства на територија на општина Центар.
Изразуваме огромна благодарност до вработените во Комерцијална банка АД Скопје, кои непрестајно даваат поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Поддршката која ја добива Црвениот крст од компаниите е од суштинско значење за добробитот на заедницата и за подобрување на секојдневието на граѓаните на кои им е најпотребно.



