
ноември 4, 2020
Вработените во Стопанска банка – АД Скопје, повторно ја покажаа својата хуманост
Во склоп на Кампањата за *Денот на гладта* и оваа година се вклучија вработените во Стопанска банка – АД Скопје. Со собраните доброволни прилози на акцијата која се реализираше во просториите на Стопанска банка, волонтерите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар подготвија 20 пакети со прехрамбени продукти кои на ден 04.11.2020 година беа дистрибуирани на 20 социјално ранливи семејства. Овој пат целната група беа пензионери со ниски примања кои се дополнително погодени со моменталната ситуација на пандемија од COVID 19. За време на дистрибуцијата беа испочитувани сите мерки за заштита од COVID 19.
Голема благодарност за покажаната хуманост до вработените на Стопанска банка – АД Скопје.






