ноември 18, 2021

Вработените во Стопанска банка – АД Скопје традиционално се вклучуваат во кампањата за борба против гладта

Во склоп на одбележување на Кампањата за *Денот на борба против гладта*, вработените од Стопанска банка – АД Скопје и оваа година реализираа собирна акција за финансиски средства. Со собраните доброволни прилози на акцијата која се реализираше во просториите на Стопанска банка, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар подготвија 22 пакети со прехрамбени продукти. Пакетите беа дистрибуирани од страна на стручната служба на Општинска организација Центар и претставник од Стопанска банка на ден 18.11.2020 година на 22 згрижувачки семејства од регистарот на Центарот за социјална работа на град Скопје.
Голема благодарност до вработените на Стопанска банка – АД Скопје за хуманоста која традиционално ја покажуваат преку акциите.
 
< врати се назад