септември 14, 2021

ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТУБЕРКУЛОЗАТА!

Туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се  превенира и излекува.

Глобалните напори за борба против ТБ спасија околу 58 милиони животи од 2000 до 2018 година.

Светската здравствена организација (СЗО) започна заедничка иницијатива со  Глобалниот фонд и Стоп ТБ партнерите под мотото: “Пронајди.Третирај.Сите. # Крај за ТБ #! “(Find. Treat. All. #EndTB”) со цел да се забрза со навремено делување против ТБ и да се обезбеди пристап до нега, во согласност со целокупните глобални СЗО препораки за универзална здравствена покриеност.

< врати се назад