
декември 19, 2019
Врсничка едукација на тема „Сексуално преносливи инфекции“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, по повод Недела на борба против ХИВ/СИДА, реализираше три едукации на тема „Сексуално преносливи инфекции“. Едукациите се спроведоа во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и на истите земаа учество сите ученици од деветто одделение, односно 49 ученици. Поради тоа што станува збор за интересна тема за дискусија, учениците поставуваа прашања и разменуваа мислења во врска со сите аспекти кои ги опфаќа темата. Така, едукацијата доби интерактивен облик со што се потврдува нејзиниот успех.