
декември 18, 2020
Врсничка едукација на тема „Сексуално преносливи инфекции“
Врсничките едукатори од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар на ден 16.12. и 17.12.2020 реализираа 3 online едукации во ООУ “Кирил и Методиј“ преку платформата Microsoft Teams. Учениците од 9то одделение се запознаа со сексуално преносливите инфекции, начините на превенција и заштита, знаци и симптоми на истите, како се дијагностицираат и третираат. Вкупно беа опфатени 56 ученици од 3 паралелки. Едукацијата помина во одличен ред. Продолжуваме со онлајн едукации и во иднина!