
декември 21, 2021
Врсничка едукација по повод Недела на борба против ХИВ/СИДА 1-7 декември
Врсничките едукатори од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 20.12.2021, реализираа online едукација преку платформата Teams во ООУ “Димитар Миладинов“ на која земаа учество 127 ученици.
Учениците се запознаа со видовите инфекции, која е разликата помеѓу ХИВ и СИДА, кои се начините на превенција, знаци и симптоми на вирусот, како може да се пренесе и како се третира.

