декември 12, 2024

Врсничка едукација по Прва помош во ДСУ „Свети Наум Охридски“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 11.12.2024 во просториите на ДСУ „Свети Наум Охридски“ спроведе врсничка едукација по прва помош.

Учениците имаа можност да се запознаат со првата помош, нејзините основни поими и материјали, како и соодветно санирање на повреди.

За време на едукацијата беа присутни 37 ученици и нивните наставници.

< врати се назад