
февруари 14, 2025
Врсничка едукација по прва помош во Клубот на млади
На ден 12.02.2025, во просториите на Општинската организација Центар се оддржа основна обука по Прва помош, која беше наменета за волонтерите и членовите на Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Присутните имаа можност да се запознаат со основните материјали за спречување на компликации од повреди, како и основните положби во кои треба да се постават повредените откако ќе им бидат санирани повредите.





