
Врсничка едукација по Прва помош во ООУ”Ј. Х. Песталоци”
На ден 29.11.2024 во аудиториумот на Основното Општинско Училиште Јохан Хајнрик Песталоци, се спроведе едукација по Прва помош и нејзиното значење.
Учениците од девето одделение имаа можност да се запознаат со основите и принципите на Првата помош како и односот и пристапот кон повредениот, и санирање на негова повреда. Материјалите по прва помош се исто така клучни за правилно санирање на повредата и нејзин правилен транспорт до блиската болница, учениците имаа можност тоа да го научат за време на едукацијата.
Едукацијата ја спроведоа две врснички едукаторки членови во Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Вакви едукации за прва помош започнаа на 12.09.2024 година и ќе бидат реализирани во сите образовни институции кои се лоцирани во Општина Центар а дополнително ќе се организираат и работилници наменети за различни целни групи.

