
октомври 17, 2024
Врсничка едукација по Прва помош во ПСУ “Алгоритам“
На 16.10.2024 и 17.10.2024 се оддржаа две работилници по прва помош во Приватното Средно Училиште Алгоритам. Работилниците ги водеа демонстратори по прва помош од Клубот на млади на Црвен крст Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Учениците имаа можност да се запознаат со главните термини и поими на првата помош, како и пристапот кон повреден, безбедност на просторот, мерење на витални знаци на повредениот и успешно санирање на повреда.
Вакви работилници за прва помош започнаа на 12.09.2024 година и ќе бидат реализирани во сите образовни институции кои се лоцирани во Општина Центар а дополнително ке се организираат и работилници наменети за различни целни групи.