март 9, 2022

Врснички едукации по повод Недела на борба против срцево-садови заболувања

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, покрај ревијалната трка која се одржа на 26.02.2022 година во Градскиот Парк, ја одбележа Неделата на борба против срцево-садови заболувања и со спроведување на 4 online врснички едукации под наслов „Здраво срце, среќно срце” во периодот од 01.03. – 09.03.2022. На едукациите се вклучија 198 учесници од ООУ „Гоце Делчев“ и  ООУ „Димитар Миладинов“. Преку предавањата, учениците дознаа повеќе за кардиоваскуларните заболувања, како да се препознаат симптомите за срцев и мозочен удар, кои се ризик факторите, какви можат да бидат причините за овие заболувања и начини на нивна превенција.

< врати се назад