
март 15, 2023
Врснички едукации во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Новата генерација врснички едукатори од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на 15.03.2023 година ги пренесоа своите знаења на темата „Првенција од болести на зависност“ на учениците од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Со едукациите се опфатија темите зависност од цигари, алкохол и дрога, нивно препознавање и превенција. Се стави акцент на начините на превенција и ефектите кои зависностите ги имаат врз човековото физичко и ментално здравје.





