мај 9, 2025

Врснички едукации по Прва помош на УКИМ Филозофски факултет- Скопје

Во текот на месец Април и месец Мај волонтер доктор по општа медицина од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар реализираше шест обуки по Прва помош.

На самите обуки присутните имаа можност да се запознаат со основите на Првата помош, материјалите кои се потребни за пружање на прва помош и доколку ги немаме како сами да ги направиме, справување со крварења и тешки состојби како Епилептичен напад, Бесознание, Срцев удар и срцева масажа, Асфикција со страно тело, Смрзнатини и изгореници.

Присутни на предавањата беа професори и студенти кои се здобија со основно познавање по Прва помош. Вкупно опфатени беа 180 лица.

< врати се назад