декември 19, 2024

Врснички едукации по прва помош во Основните училишта на територија на Општина Центар

Во периодот од 16.12.2024 до 18.12.2024 Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе Врснички едукации по Прва помош во Основните училишта ООУ ”Кочо Рацин”, ООУ ”Киро Глигоров” и ООУ ”Коле Неделковски”.

Учениците имаа можност да научат како правилно да ги контактираат службите за итни случаи, и како да пристапат кон повредениот, да ракуваат со материјалите по Прва помош и како да санираат основни повреди.

Вакви работилници по Прва помош започнаа на 12.09.2024 година и се реализирани во сите образовни институции кои се лоцирани во Општина Центар.

< врати се назад