
јануари 28, 2021
Втора ЦКА-ПХВ работилница
Заради пандемијата со Ковид-19, програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) се реорганизираше и оваа година ќе бидат организирани 40 едукативни онлајн работилници од страна на 24 искусни ЦКА-ПХВ инструктори-волонтери. Работилниците се наменети за млади до 20 години!
Истите имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на волонтерите и сите оние кои се на оваа возраст и кои се заинтересирани за темите.
На 28 јануари (четврток) со почеток во 18.00 часот ќе се одржи втора
ЦКА-ПХВ онлајн работилница на тема:

Зошто е важно да се волонтира, на кој начин може и треба да ја уважиме волонтерската работа, како да се биде добар лидер- позитивен пример кој треба да знае да го охрабрува мислењето на секоја една индивидуа, волонтерот во тимот и многу други нешта…

