ноември 20, 2013
Втора обука за ПХВ програмата
ПХВ програмата (Промоција на хумани вредности) претставува една од важните алатки за регрутација на нови волонтери во Општинската организација на Црвен крст Прилеп при што секоја година се става голем акцент во реализирањето на истата.
Новиот циклус започна со првичната дисеминација за движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, а на 19.11.2013 се одржа втората обука од ПХВ програмата (Промоција на хумани вредности) при што учесниците добија пошироки знаења за тоа како да документираат и реализираат еден мал хуманитарен проект во периодот кој следува. Оваа обука беше доста корисна за учесниците, кои веднаш почнаа со давање на идеи за помош на одредени целни групи.