
февруари 23, 2023
Втора ПХВ работилница
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 22.02.2023 ја спроведе втората работилница во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
Дисеминаторката Марта Николова ја спроведе работилницата на која младинците, преку интеракција, осознаа што претставува проект, која е целта на еден проект и како до успешен проект.
Ни претстои уште една работилница пред започнување на малите проекти.




