
ноември 17, 2022
Забавни активности во Центарот за лица со попреченост „Пролет“
Секоја средба на волонтерите од Клубот на млади на Општинска организација Центар со корисниците од Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет“ претставува одлична забава. Во просториите на Центарот, денес волонтерите заедно со корисниците на Центарот уживаа во неколкучасовното дружење, се забавуваа, играа карти, пееја и поминаа уште еден ден заедно во многу радост и смеа.
Ви ја пренесуваме атмосферата преку слики.


