април 24, 2013

Зачувај ја околината-разубави го денот!

Според планираните активности, по повод 22 Април -Денот на планетата Земја 5 волонтери од Општинската организација на Црвен крст Прилеп и претставничката од Комерцијална банка го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби  и реализираа повеќе активности. Беше исчистен дворот од Дневниот центар од разните отпадоци и исто така беа пресадени веќе постоечките цвеќиња во поголеми саксии. Оние цвеќиња кои беа исушени беа  заменети, беа засадени 13 нови цвеќиња во нови саксии во постоечкиот стакленик кој претставува просторија за одмор на децата со посебни потреби. Стакленикот беше преуреден со што доби и нов лик. Целиот настан беше медиумски покриен, беше присутна ТВ екипа од локалната телевизија ТВ Канал Визија и претставничката од Комерцијална банка директорката на Центарот за социјална работа и претставникот од Црвен крст дадоа кратки изјави за текот на проектот Подобрување на социјализацијата кај децата со посебни потреби при што се потенцираше учеството на Комерцијална банка како опшествено одговорна компанија. Во активноста учествуваше 21 дете со посебни потреби од Дневниот центар ,,Ѕуница” Прилеп. Со оваа активност беше подигната еколошката свест кај овие деца и беше назначена потребата за зачувување на природата. Исто така преуредувањето на стакленикот ќе допринесе за релаксација, опуштање и креативно користење на времето на децата, надоградување на естетските вештини и манипулативните вештини кај децата.

Според планираните активности, по повод 22 Април -Денот на планетата Земја 5 волонтери од Општинската организација на Црвен крст Прилеп и претставничката од Комерцијална банка го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби  и реализираа повеќе активности. Беше исчистен дворот од Дневниот центар од разните отпадоци и исто така беа пресадени веќе постоечките цвеќиња во поголеми саксии. Оние цвеќиња кои беа исушени беа  заменети, беа засадени 13 нови цвеќиња во нови саксии во постоечкиот стакленик кој претставува просторија за одмор на децата со посебни потреби. Стакленикот беше преуреден со што доби и нов лик.

Целиот настан беше медиумски покриен, беше присутна ТВ екипа од локалната телевизија ТВ Канал Визија и претставничката од Комерцијална банка директорката на Центарот за социјална работа и претставникот од Црвен крст дадоа кратки изјави за текот на проектот Подобрување на социјализацијата кај децата со посебни потреби при што се потенцираше учеството на Комерцијална банка како опшествено одговорна компанија. Во активноста учествуваше 21 дете со посебни потреби од Дневниот центар ,,Ѕуница” Прилеп. Со оваа активност беше подигната еколошката свест кај овие деца и беше назначена потребата за зачувување на природата. Исто така преуредувањето на стакленикот ќе допринесе за релаксација, опуштање и креативно користење на времето на децата, надоградување на естетските вештини и манипулативните вештини кај децата.

< врати се назад