ноември 16, 2014

Заеднички предизвик за реализација на хуманитарна активност

 Втора година по ред Црвениот крст Центар и граѓанското здружение *Ангелчиња* наидоа на заеднички предизвик за реализација на хуманитарна активност. Нивната традиционална активност *Тортијада* и нашата кампања по повод *Денот на гладта*, беа повод за заедничко целодневно дружење во трговскиот центар *ВЕРО-Центар*, каде волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст Центар ја реализираа активноста за продажба на вредносни бонови во склоп на кампњата за *Денот на гладта*, а нашите партнери преку целодневна програма ги презентираа прекрасно подготвените торти, кои всушност беа донирани од познати мајстори на слаткарството во Република Македонија.
Целта на акцијата беше навистина хумана и благородна. Црвениот крст Центар покани 30 социјално-загрозени семејства, на кои им беше донирана по една од прекрасните торти, како повод за малку поинаква дружба и атмосфера во рамките на нивните семејства. Оваа иницијатива од страна на семејствата беше прифатена како многу позитивна и изразија голема благодарност до организаторите.

< врати се назад