
јуни 16, 2022
Заокружен циклусот едукации во градинките на тема „Промоција на хигиена во време на пандемија“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар го заокружи циклусот едукации на дечињата во градинките на територија на општина Центар.
Во сите објекти од градинката ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ на ден 16.06.2022 година беа реализирани 3 едукации, преку кои се опфатија 54 дечиња од голема група.
Едукатори беа волонтерите од Клубот на млади Анастасија Србиновска Божинова, Анастасија Горенчева и Марко Тодоровски и Ивона Лазаровска – логистичка поддршка.
Едукациите имаат за цел да ги потсетат дечињата за важноста на личната хигиена, на одржување на хигиена во домот и градинката и хигиена на храната, а се опфати и темата заштита од корона вирус.
Проектот продолжува од месец септември во училиштата со првоодделенците.




