март 11, 2013
Здрави животни навики како превенција од срцево садови заболувања
Општинската организација на Црвен крст Прилеп во рамките на својата здравствено -превентивна дејност по повод „Неделата на борба против срцево садови заболувања“ под мотото „Здрави животни навики како превенција од срцево садови заболувања„ реализира работилница за гарнизонот при АРМ на дадената тема.
На работилницата присуствуваа околу 40 лица и покажаа значителен интерес за темата.
Додека по повод „Неделата за борба против ракот“ реализирана е работилница за женска популација во соработка со НВО Преродба во нивните простории каде учество земаа околу 35 лица.