
октомври 13, 2023
„Здрави животни навики во превенција на дијабетес“
По повод одбележување на Недела на борба против шеќерна болест, која се одбележува од 10ти до 16ти октомври, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар на 10.10.2023 година ги посети пензионерите од ограноците „Гоце Делчев“ и „Корчагин“ на Здружението на пензионери на општина Центар.
За време активностите за мерење ниво на шеќер во крвта и крвен притисок, во рамки на посетата, пензионерите беа информирани околу симптомите на дијабетес, ризик факторите, компликациите, начини на спречување и добија некои препораки за здрави животни навики.
Оваа активност продолжува да се реализира во текот на месец октомври и во другите 6 ограноци на Здружението на пензионери.