
октомври 17, 2024
„Здрави животни навики во превенција на дијабетес – Едуцирај се и превенирај дијабетес“.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 16.10.2024 (среда) во просториите на Стопанска банка АД Скопје, спроведе активност за мерење на гликоза во крвта и крвен притисок, наменет за вработените на банката при што опфатени беа 67 лица.
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10-16 октомври 2024 година традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес). Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.
