
април 17, 2025
“Здравјето како темел и основа за подобар живот”
На 15.04.2025 волонтерите од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар спроведоа неформално предавање од страна на фитнес тренер Теодор Костадиновски по повод “Светскиот ден на здравјето”.
За време на предавањето учесниците имаа можност да се запознаат со четирите темели на целокупното здравје како и што можеме ние да сториме за да го одржиме нашето здравје во баланс.


