
Зелена инклузивност – Завршна работилница
Во рамки на проектот „Зелена инклузивност“ на Општинска организација Центар, поддржан од Фондот за развој и проекти на ЦКРСМ, се реализираше завршната работилница со практичен приказ на стекнати вештини со ученици од ДСУ „Св. Наум Охридски“, од страна на проф. д-р Диана Бошковска, проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска, и проф. д-р Наташа Данилоска.
На ден 05.12.2023 година се реализираше завршната работилница со практичен приказ на стекнати вештини со ученици од Угостителско – туристичка струка, Текстилна струка, Графичка струка.
Преку симулација на работните задачи со кои би се соочиле учесниците на работното место, учениците имаа можност да ги покажат новостекнатите вештини и компетенции. Работилницата се реализираше во рамки на училиштето поради логистички причини, како и за полесна реализација на симулацијата, поради тоа што училиштето е опремено со апаратура и машини кои би ги употребувале учениците на потенцијалното работно место.
На овие работилници учествуваа претставници од наставниот кадар, кои заедно со ангажираните експерти, имаа задача да ја спроведат симулациската вежба во улога на работодавец.



