септември 27, 2024

Звуците на гитарата

На 26.09.2024 во Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години, волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија  – Општинската организација Центар припремија музичка работилница за корисниците на центарот.

На самата работилница волонтерите и корисниците имаа можност да се потсетат на старите добри евергрини мајсторски отсвирени на акустична гитара.

Со оваа работилница успешно го затвораме месец Септември, продолжуваме со разновидни работилници следниот месец.

< врати се назад