август 28, 2026

24та-Традиционална крводарителска акција

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на 28.08.2026 година, по 24-ти пат ја реализираше традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица, под мотото „Твојата хуманост е нечија надеж!“, во Домот на АРМ – Скопје.

Во текот на акцијата беа остварени 125 крводарувања, со што уште еднаш се потврдија хуманоста, солидарноста и подготвеноста на нашите граѓани да помогнат таму каде што е најпотребно.

И покрај високите температури, голем број хумани граѓани одвоија дел од своето време, дојдоа и даруваа крв, покажувајќи дека хуманоста не познава пречки. Нивната несебичност и желба да помогнат се вистински пример за солидарност и грижа за другите.

Изразуваме искрена благодарност до сите крводарители кои несебично даруваа дел од себе и придонесоа за успешната реализација на оваа традиционална хуманитарна акција.

Благодарност упатуваме и до сите волонтери, соработници и поддржувачи кои со својот ангажман придонесоа за успешното спроведување на акцијата.

125 крводарувања – 125 дела на хуманост!

< врати се назад