октомври 14, 2026

Час исполнет со знаење, интеракција и корисни совети

На 14.10.2026 година, ги посетивме учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, каде што одржавме едукативни часови по изборниот предмет Прва помош со две паралелки од VII одделение. Вкупно реализиравме два училишни часа исполнети со знаење, интеракција и корисни совети.

За време на часовите разговаравме за историјата и формирањето на Црвениот крст, неговата организациска структура и дејностите што ги спроведува. Посебен акцент ставивме на значењето на првата помош, правилното повикување на итната медицинска помош и основните постапки за згрижување и санирање на повреди.

Преку едукацијата и споделувањето на знаења, имавме можност да им ја доближиме на учениците важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста да се помогне во ситуации кога некому му е потребна помош.

Голема благодарност до наставниците за соработката, како и до сите ученици за нивното присуство, внимание и активно учество. Заедно продолжуваме да ја шириме хуманоста и да ја подигнуваме свеста за важноста на првата помош!

< врати се назад