
Час по прва помош
Денес имавме можност да присуствуваме на едукативен час по предметот „Прва помош“ во ООУ „Димитар Миладинов“, со учениците од четврто одделение.
За време на часот, 30 љубопитни дечиња се запознаа со материјалите што се наоѓаат во ранецот за прва помош и дознаа за што служи секој од нив и како правилно се употребува.
Разговаравме и за тоа како треба да пристапиме кон повредено лице, како да останеме смирени и внимателни и зошто е важно да знаеме како да помогнеме во ситуации кога некому му е потребна помош.
Преку практични примери и разговор, децата имаа можност да научат дека основните знаења од првата помош можат да бидат исклучително важни и дека секој од нас може да биде во можност да помогне.
Благодарност до учениците и наставниците за вниманието, активноста и прекрасната атмосфера! Веруваме дека знаењето стекнато денес ќе биде корисно и ќе ги поттикне најмладите секогаш да бидат подготвени да помогнат.













































