септември 7, 2026

Донација на училиштен прибор за ученици во социјален ризик

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со САВА Осигурување и САВА пензиско друштво, обезбеди донација на училиштен прибор наменет за ученици во социјален ризик, по повод почетокот на учебната 2026/2027 година.

Донацијата беше распределена на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и учениците од ДСУ „Св. Наум Охридски“ – за рехабилитација и образование, со цел да им се обезбеди потребниот училиштен прибор и поддршка за успешен почеток на новата учебна година.

Изразуваме голема благодарност до вработените во САВА Осигурување за покажаната хуманост, општествена одговорност и подготвеност да придонесат кон создавање подобри услови за образование на учениците.

Со заедничка поддршка создаваме повеќе можности и поубав почеток на учебната година за секое дете.

< врати се назад