март 5, 2026

Креативна работилница посветена на меѓународниот ден на жената – Осми март,

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, на 05.03.2026 година, реализираа креативна работилница посветена на Меѓународниот ден на жената – 8 март, во Дневениот центар за лица со интелектуална попреченост – Пролет.

Преку заеднички активности, дружење и креативна работа, волонтерите и корисниците поминаа време исполнето со позитивна енергија, насмевки и меѓусебна поддршка. Работилницата беше можност за зајакнување на интеракцијата, споделување убави моменти и создавање нови пријателства.

Благодарност до сите волонтери и корисници кои со своето учество придонесоа оваа активност да биде исполнета со топлина и радост.

< врати се назад