март 31, 2026

Креативна работилница во “Пролет”

Со многу смеа, шеги и креативност, денес Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираше работилница по повод 1ви април во Дневниот центар „Пролет“.

Во духот на Денот на шегата, волонтерите и корисниците заеднички изработуваа креативни маски, цртежи и се забавуваа преку различни игри исполнети со смеа и позитивна енергија.

По оваа весела работилница, сите сме подготвени за утрешната забава под маски!

< врати се назад