февруари 17, 2026

Крводарителска акција во Министерство за здравство

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар денес организира крводарителска акција во Министерство за здравство.

Вработените во министерството ќе ја покажат својата хуманост, алтруизам и преку оваа акција ќе дадат свој придонес за подигање на свеста за значењето на крводарителството и важноста секој од нас да ја покаже својата хумана димензија преку дарувањето крв.

< врати се назад