јануари 29, 2026

Ликовна работилница во “Пролет”

На 29.01.2026 година, Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар успешно реализираше креативна работилница во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“
Преку заедничка работа, боја и многу позитивна енергија, учесниците имаа можност да ја изразат својата креативност, да се дружат и да создадат прекрасни дела исполнети со емоции и радост.
Ваквите активности се потсетник дека малите гестови создаваат големи насмевки и дека инклузијата, емпатијата и човечноста се вредности што нè поврзуваат сите

< врати се назад