февруари 12, 2026

Мерење на глукоза во крвта и крвен притисок

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар продолжува со своите активности во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар.

Денес, во централната канцеларија на Здружението, нашиот тим реализира мерење на глукоза во крвта и крвен притисок, со цел навремена превенција и грижа за здравјето на повозрасните сограѓани.

Грижата за заедницата останува наш приоритет, а ваквите активности се значаен чекор кон подигнување на здравствената свест и унапредување на квалитетот на живот.

Заедно градиме похумана и поздрава заедница

< врати се назад