октомври 16, 2026

Науката ги надминува границите“ – ICOF 2026

На 16.10.2026 година, претставници на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар присуствуваа на Меѓународниот конгрес ICOF 2026, кој се одржува во Скопје, под мотото „Науката ги надминува границите“.

Конгресот претставува можност за размена на знаења и искуства во областа на науката, медицината и клиничките вештини, поттикнувајќи соработка и поврзување на младите луѓе посветени на здравјето и истражувањето.

Голема благодарност до средношколците од втора година при СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ за нивното учество, ангажираност и поддршка.

< врати се назад