октомври 8, 2026

 НЕДЕЛА НА МЛАДИ | 08.10 | PUBLIC ROOM

На 8 октомври, во Public Room, заедно ја одбележавме “Неделата на млади”, исполнета со едукација, инспиративни разговори, дружење и младинска енергија!

Настанот свечено го отворија лидерот на Клубот на млади Ева Трпкова, и заменик-лидерот Марко Јаневски.

Во рамки на едукативниот форум, долгогодишните волонтери и членови на Клубот на млади при Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, Димитер Тануровски, Мила Трајчева и Анастасија Горенчева, ги споделија своите волонтерски искуства, совети за новите волонтери и идеи за идни иницијативи во клубот.

Посетителите имаа можност да се запознаат со три тематски катчиња посветени на зелениот волонтеризам, првата помош и крводарителството, преку кои се едуцираа за важноста на хуманоста, солидарноста и грижата за заедницата.

За крај, уживавме во музичката изведба на бендот, кој ни подари три прекрасни песни и придонесе за уште попријатна атмосфера!

Голема благодарност до сите учесници, волонтери, посетители и соработници кои беа дел од овој настан и придонесоа за неговата реализација. Заедно покажуваме дека младите се движечка сила на хуманоста, солидарноста

< врати се назад