
март 2, 2026
Неделата на борба против срцево – садови заболувања
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар Неделата на борба против срцево – садови заболувања ја одболежа преку активности во кои беа опфатени членовите на Здружениото на пензионери на територија на Општина Центар и граѓанство во централното градско подрачје.
Од страна на Клиника Жан Митрев беа обезбедени едукативни и информативни материјали ( флаери) во кои е објаснета состојбата на кардиоваскуларните зболувања и дадени насоки за превенција од истата.
Дел од флаерите беа дистрибуирани до главната канцеларија на Здружението на пензионери и 8те ограноци на ова здружение, додека пак останатиот дел од материјалите од страна на волонтерите беше поделен на граѓаните во центарот на градот













































