декември 1, 2025

Новогодишни пакетчиња во “Пролет”

Во духот на новогодишната магија и хуманоста, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар им донесе насмевки и радост на корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“.

Со помош на Дедо Мраз, беа донирани новогодишни пакетчиња, кои беа донација од Комерцијална банка , на која ѝ благодариме за поддршката и општествената одговорност.

Заедно создаваме празници исполнети со насмевки, грижа и солидарност.

< врати се назад