март 10, 2026

Очен скриниг во градинките на територија на Општина Центар

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Систина Офталмологија – Специјална очна болница , во период октомври 2025 – март 2026 година реализираше очен скриниг во градинките на територија на Општина Центар, во кој беа опфатени децата на востарст од 3 до 6 години.

Активноста се реализираше во ЈУДГ “ Кочо Рацин” – матичен објект и три клона, ЈУДГ “ 13 Ноември” – матичен објект и три клона, ЈУДГ “ Раде Јовчевски Корчагин” – матичен објект и три клона и Детска градинка на Министерство за финансии “Мини Фини Буџетчиња “.

Со офталмолошки прегледи кои ги извршуваа доктори од Систина Офталмологија – Специјална очна болница беа опфатени вкупно 1077 деца , од вкупниот број на прегледи кај 897 деца не беше детектирана промена , останатите 174 деца беа упатени на дополнителен преглед.

Црвен крст на Република Сецерна Македонија – Општинска организација Центар упатува голема благодарност до Општина Центар за поддршката во однос на реализацијата на проектот, директорите на градинките, воспитувачите и негувателите кои максимално се потрудија прегледите да поминат организирано и навремено, тимот доктори од Систина офталмологија за посветеноста, професионалноста и грижата за најмалите.

Продолжуваме понатаму со активности од областа на здравствено – превентивната дејност насочена кон децата со единствена цел во најдобар интерес на децата.

< врати се назад