
Одбележан Меѓународниот ден на старите лица
На 1 октомври 2026 година, по повод Меѓународниот ден на старите лица, се реализираше превентивна здравствена активност во Здружението на пензионери на Општина Центар.
Во рамките на активноста се спроведе превентивно мерење на крвниот притисок и глукозата во крвта, со цел да се поттикне редовното следење на здравствената состојба и да се подигне свеста за значењето на превенцијата и навремената грижа за здравјето.
Меѓународниот ден на старите лица е можност да се потсетиме на важноста на активното и достоинствено стареење, како и на потребата од создавање средина која ги поддржува постарите лица и нивното активно учество во општеството.
Со ваквите активности продолжуваме да ја поддржуваме грижата за здравјето и благосостојбата на постарите лица во Општина Центар.
Грижата за здравјето започнува со превенција!















































