
ноември 11, 2025
Одбележување на Неделата за борба против зависности
На 11.11.2025 година, Црвен крст на РСМ – Општинската организација Центар и Општинската организација Кисела Вода, во соработка со Здружението на лекувани алкохоличари на РСМ, организираа едукативна трибина за учениците од основните училишта на територијата на двете општини.
Мотото на настанот беше: „Направи го вистинскиот избор“
На трибината учествуваа повеќе од 300 ученици, кои имаа можност да се запознаат со ризиците од различни видови зависности — појава што сè почесто го засега нашето општество и претставува закана за секој поединец.
Заедно градиме посветла иднина – без зависности, со вистински избори.













































