
март 23, 2026
Одбележување на Светски ден на водата со еколошка акција
По повод 22 Март – Светски ден на водата, младите волонтери се активираа да остварат еколошка акција за чистење на кејот покрај реката Вардар.
Преку заеднички труд и ангажман, тие придонесоа кон отстранување на отпадот и подобрување на состојбата на животната средина, испраќајќи силна порака за важноста на зачувувањето на водните ресурси.
Акцијата имаше за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за значењето на чистата вода и одговорниот однос кон природата, како и да поттикне поголема вклученост во вакви иницијативи.
Со ова, волонтерите уште еднаш покажаа дека со мала иницијатива може да се направи значајна промена во заедницата.
Чувај ја водата – чувај го животот.












































