август 7, 2026

Поддршка за граѓаните во услови на топлотен бран

Во рамки на активностите за заштита на населението од последиците од топлотниот бран, на деновите 04.08 и 06.08 на територијата на Општина Центар беше спроведена теренска активност за дистрибуција на флаширана вода на граѓаните.

Активноста се реализираше во периодот од 10:00 до 14:00 часот на улиците Партизанска, Димитрија Чуповски, Теодосиј Гологанов, 11 Октомври, Кочо Рацин и Водњанска, при што беа ангажирани вкупно 4 волонтери.

Во текот на активноста беа поделени 412 парчиња флаширана вода со цел обезбедување поддршка за граѓаните изложени на високите температури и намалување на ризиците од нивното негативно влијание врз здравјето.

Покрај дистрибуцијата на вода, волонтерите располагаа со апарат за мерење на крвен притисок и материјали за укажување прва помош, кои беа подготвени за употреба доколку се појавеше потреба од интервенција. Сите ангажирани волонтери се обучени за укажување на прва помош во случај на здравствена состојба предизвикана од високите температури.

Активноста беше успешно реализирана согласно планираните превентивни мерки, со цел зајакнување на безбедноста и обезбедување навремена поддршка за граѓаните за време на периодот на екстремно високи температури

< врати се назад